Километарски колони и долги редици возила се создадоа на граничниот премин Табановце, откако почна примената на новиот механизам за проверка и санкционирање на странските возачи кои претходно направиле сообраќаен прекршок регистриран од системот „Сејф сити“.
Фотографиите од терен покажуваат долги колони од автомобили и товарни возила на излез од Македонија, а дел од патниците излегле од возилата додека чекаат да продолжат кон границата.
Како што претходно објави „Скопје1“, странските возила и досега биле регистрирани од камерите на „Сејф сити“ кога поминувале на црвено светло или ја пречекорувале дозволената брзина, но немало воспоставен механизам преку кој прекршителите ќе бидат санкционирани пред да ја напуштат државата. објави Скопје1.мк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата