Едно до 10 деца на возраст од 12 до 17 години во период од една година во државава биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво. Од нив 48 отсто биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. Во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а само во пет отсто од случаите сторителот бил непознат за детето, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting Harm“.

Во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучеи врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчесто пријавувани платформи биле Инстаграм (76 отсто), Снепчет (55 отсто), ТикТок (51 отсто), Ватсап (40 отсто), Фејсбук (34 отсто), Јутјуб (29 отсто) и Икс (21 отсто). Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови.

Децата изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата имале 11 пати поголема веројатност да се самоповредат и 12 пати поголема веројатност да имаат самоубиствени мисли и однесувања. и доживуваат значително повисоки нивиа на анксиозност. Засегнатите деца често доживувале срам, губење контрола, тешкотии со сшиењето, стрес, ансиозност...Иако 88 отсто од децата ја октирле злоупотребата некому, пријавувањето до формалните служби било исклучително ретко: само еден отсто пријавиоле во полиција, еден отсто во центри за социјална работа, а 0,2 отсто контактирале линија за помош, покажуваат резултатите од истражувањето.
Заменик - министерот за внатрешни работи, Астрит Исени на презентацијата на извештајот рече дека тој е важен чекор во заедничката заложба да ги разберат и адресираат ризиците кои ги носи дигиталната средина за најранливите, за децата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата