КАДЕ СЕ ВРТАТ НАЈМНОГУ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА? Компаниите оствариле промет од над 2,2 билиони денари – еве кои сектори доминираат

Vecer | 30.10.2026

КАДЕ СЕ ВРТАТ НАЈМНОГУ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА? Компаниите оствариле промет од над 2,2 билиони денари – еве кои сектори доминираат

Вкупно 70.843 пазарноориентирани деловни субјекти во текот на 2025 година оствариле промет од 2.226.478 милиони денари, додека нивната бруто-додадена вредност достигнала 522.087 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем дел од вкупниот промет отпаѓа на трговскиот и индустрискиот сектор. Компаниите што работат во трговијата на големо и мало учествувале со 38,7 проценти, додека преработувачката индустрија остварила 24,5 проценти од вкупниот промет.

Кога станува збор за создадената додадена вредност, водечка позиција има преработувачката индустрија со учество од 26,2 проценти. На второ место е трговијата на големо и мало со 20 проценти.

Значаен придонес има и градежништвото, со 10 проценти од вкупната бруто-додадена вредност, додека секторот за телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски и други информатички дејности учествува со 9,2 проценти.

Податоците покажуваат дека трговијата и преработувачката индустрија имаат најголемо учество во вкупниот промет на деловните субјекти, додека преработувачкиот сектор предничи според создадената додадена вредност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk