„МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ ГРАДИ“: ВМРО-ДПМНЕ со податоци за осум квартали без пад во градежништвото - раст од 48,9% во нискоградбата

Vecer | 30.10.2026

„МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ ГРАДИ“: ВМРО-ДПМНЕ со податоци за осум квартали без пад во градежништвото - раст од 48,9% во нискоградбата

Градежниот сектор во Македонија бележи позитивни резултати во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, со просечен квартален реален раст од 14,1 отсто и без ниту еден квартал со негативен резултат. Ова го посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика.

Според неговата анализа, во претходниот анализиран период од 29 квартали просечниот раст изнесувал минус 0,2 проценти, што претставува разлика од 14,3 процентни поени.

Стојаноски посебно го издвојува вториот квартал од 2026 година, кога градежништвото остварило реален раст од 21,9 проценти. Кај нискоградбата, растот достигнал 48,9 проценти.

Како главни двигатели на позитивниот тренд ги посочува инфраструктурните инвестиции, изградбата на патишта, коридорите и другите капитални проекти.

„Повеќе градилишта, повеќе капитални проекти, повеќе создадена вредност. Македонија повторно се гради“, наведува Стојаноски во објавата, од која ВМРО-ДПМНЕ ги пренесува податоците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk