logo
logo
logo

МИЦКОСКИ ЈА РАЗОБЛИЧИ ОПОЗИЦИЈАТА - Ги враќаме долговите од нивниот арамилак, пари се земаа за да горат модуларни болници!

Vecer | 04.09.2026

МИЦКОСКИ ЈА РАЗОБЛИЧИ ОПОЗИЦИЈАТА - Ги враќаме долговите од нивниот арамилак, пари се земаа за да горат модуларни болници!

Заемите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) не се запишани оти не влегуваат во јавниот долг, а новото задолжување е неопходно за државата да ги врати долговите направени во корона- кризата. Вака денес премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата од опозицијата дека во јавниот долг не е пресметан долгот на ЈПДП и дека се одело на ново задолжување оти немало пари во буџетот да се истурка оваа година.

„Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Јавното претпријатие за државни патишта ги зема. Затоа што тие не влегуваат во јавниот долг. И тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг. И тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури и така се повлекуваат заеми и се плаќаат. И втората теза: зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународен пазар не била во ребалансот на буџетот? Затоа што таа е за да се издаде еврообврзница во следната година, за да можеме да ги вратиме нивните долгови коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата, за да може да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стари вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по број на жртви за време на корона-кризата. Ете таа опозиција денеска ние ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитската власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа власт во Македонија“, рече премиерот Мицкоски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера извести дека задолжување со издавање нова еврообврзница е предвидено во проекциите за 2027 година оти државата треба да врати долг од речиси 1,5 милион евра за хартии од вредност и кредити, внатрешен и надворешен долг. На тоа треба да се додадат државните записи со рок до 12 месеци со вредност од околу 1,1 милијарда евра кои доспеваат следната година, а кон вкупната сума треба да се додаде и планираниот буџетски дефицит од 3,5 проценти кој дополнително треба да се финансира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk