УБИСТВО ВО СКОПЈЕ? Жена пронајдена со траги на насилство

Vecer | 27.10.2026

УБИСТВО ВО СКОПЈЕ? Жена пронајдена со траги на насилство

Утрово 76-годишна жена е пронајдена мртва со брутални и видливи траги на насилство во сопствениот дом!

Крвавата драма се одвивала на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје, каде што утрово во 09:18 часот, скопјанката М.А. ја затекнала својата мајка, 76-годишната О.А., како лежи без знаци на живот.

Екипите на Итната медицинска помош веднаш пристигнале на местото на настанот, но за жал можеле само да констатираат смрт, при што биле забележани застрашувачки и видливи траги од насилство врз телото на несреќната старица.

На местото на настанот излегле полициски увидни екипи и дежурен Јавен обвинител, по чија директна наредба телото на починатата е предадено на судска медицина за обдукција. СВР Скопје итно презема интензивни мерки, се чешла теренот и се собираат сите докази за брзо откривање на причините за ова ѕверско дело и за целосно расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk