Поплавен тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

Vecer | 06.10.2026

Поплавен тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ каде што одводот бил затнат поради фрлени влажни марамчиња. На Фејсбук реагираше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која побара поголема совесност и одоворност на студентите сместени во домот кој беше темелно реконструиран и отворен пред две недели.

– Апел и одговорност – ова повеќе да не се случува! Обезбедивме најсовремени услови за престој на студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“. Но, за тие услови да останат такви, неопходна е одговорност, совесност и грижа од сите што го користат домот. Ова се случи вчера, само две недели откако домот беше вселен – затнат тоалет поради фрлени влажни марамчиња. Неразградливите материјали не припаѓаат во тоалетната школка и може да предизвикаат сериозни проблеми со канализацијата. По интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“ проблемот беше отстранет, а просториите исчистени – напиша Јаневска на својот профил на Фејсбук.

Министерката укажува дека реконструираниот дом е капитална инвестиција, во која, како што наведе, вложени се многу труд, време и средства.

– Тоа е инвестиција за студентите денес, но и за многу генерации што допрва ќе престојуваат во него. Затоа апелираме до сите студенти да се однесуваат одговорно, да го чуваат домот и заедничките простории. Да покажат почит кон јавните добра. Да бидат пример за добро однесување и заедно да им оставиме на идните генерации студенти исто толку добри и пристојни услови за престој – пишува во објавата на Јаневска на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk