logo
logo
logo

КОСОВЕЦ ВОЗЕЛ 220 КМ/Ч, приведен на паркинг кај Гевгелија

Vecer | 03.08.2026

КОСОВЕЦ ВОЗЕЛ 220 КМ/Ч, приведен на паркинг кај Гевгелија

Косовски државјанин е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во 08:41 часот, на паркингот Милетково на автопатот А1, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле 36-годишниот Ш.З. од Косово.

При сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk