logo
logo
logo

ЌЕ БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТИТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД

Vecer | 15.05.2026

ЌЕ БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТИТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД

Повеќе од една милијарда (долари) се инвестирани во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година – рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево.

– Па ние пред некој ден имавме со новинарите, посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда (долари) се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата Кичево-Охрид биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено. Ај што беше заборавено, беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето. А исто така во напредна фаза сме, слушнавте и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, дека сме во напредна фаза за реализација и на таа делница, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена. А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, целосно имотно-правните односи се заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот – рече Мицкоски.

Тој за време на посетата на Кичево му се заблагодарам на градоначалникот, за сето тоа што заедно со советниците го поддржуваат во рамките на Советот и го прават заедно со администрацијата.

После долги години застој, гледаме дека почнуваат да се забележуваат првите знаци на развој и во периодот којшто следи ние како Влада ќе продолжиме да го помагаме развојот на Општина Кичево – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk