logo
logo
logo

Поради негрижа од минатото, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави

Vecer | 15.02.2026

Поради негрижа од минатото, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави по обилните врнежи од дожд. Прелевањето на речното корито предизвика значителна материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„За разлика од минатото, денес институциите покажаа одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник, д-р Александар Јовановски заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегоа на терен и активно се вклучија во санирање на последиците. Со координирана и пожртвувана работа, во исклучително краток рок беше спречено понатамошно ширење на штетите и започна расчистувањето на погодените подрачја. Оваа заедничка акција е јасен показател дека кога постои волја, одговорност и вистинско лидерство, предизвиците можат да се надминат. И покрај тешката ситуација, се враќа надежта дека секојдневието на кичевци постепено ќе се нормализира и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение“, напиша тој на Фејсбук.

Сајковски најави дека службите ќе останат на терен и во текот на ноќта, дека будно ја следат состојбата и продолжуваат со работа сè додека целосно не се отстранат последиците. Приоритет останува безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, со јасна порака дека Кичево повеќе нема да биде оставено само во моменти на криза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk