Малолетник бил физички нападнат од свој врсник во Градскиот парк во Скопје, при што се здобил со тешка телесна повреда, а му бил оштетен и велосипедот.
Случајот во полиција го пријавил неговиот 51-годишен татко на 21 ноември, во 17:30 часот. Според пријавата, нападот се случил истиот ден околу 13:30 часот, а напаѓачот бил малолетник кој го познавал оштетениот.
Во нападот бил употребен и тврд предмет, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата