АПЕЛ ДО ОРЦЕ ЃЕОРЃИЕВСКИ: ПУШТЕТЕ ИНСПЕКЦИЈА И СТАВЕТЕ КАМЕРИ НА ЗАГРЕБСКА 28, КОМПЛЕКС КТК

Vecer | 29.04.2026

АПЕЛ ДО ОРЦЕ ЃЕОРЃИЕВСКИ: ПУШТЕТЕ ИНСПЕКЦИЈА И СТАВЕТЕ КАМЕРИ НА ЗАГРЕБСКА 28, КОМПЛЕКС КТК
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Инспекторите на Град Скопје досега изрекле околу 100 казни за граѓани кои фрлале комунален отпад во контејнерите по 22 часот, иако тоа е забрането.

Покрај граѓаните, санкции добиле и фирми, изречени се десетина казни, додека повеќе од 100 прекршители поминале со опомени.

Забраната важи од ноември 2025 година и се однесува на периодот од 22 часот навечер до 6 часот наутро. За оние што не ја почитуваат, предвидена е казна од 50 евра. Според податоците на градските власти, досега се наплатени над 2.000 евра по овој основ.

Од Град Скопје велат дека мерката веќе дава резултати, улиците се почисти, а граѓаните постепено ги менуваат навиките.

Контролите нема да запрат. Инспекторатот најавува засилено присуство на терен, со дежурства во три смени и фокус на критичните локации низ градот.

Во следниот период се планира и поставување видеонадзор, со цел полесно откривање на прекршителите.

Дополнително, донесена е одлука и деловните објекти, кафулиња, маркети и други фирми, да обезбедат сопствени контејнери за отпад, за да се намали притисокот врз оние што ги користат домаќинствата.

Насловната фотографија е дел од секојдневието на улицата Загребска 28, кај станбениот комплекс КТК, каде секојдневно се исфрла ѓубре и градежен шут од секој што реновира на Водно.

 Улицата Загребска 28, кај станбениот комплекс КТК, каде секојдневно се исфрла ѓубре и градежен шут

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk