logo
logo
logo

Мицкоски: ПОЧНУВАМЕ ДА ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА - Шест автопатски делници истовремено!

Vecer | 26.08.2026

Мицкоски: ПОЧНУВАМЕ ДА ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА - Шест автопатски делници истовремено!

По повеќе од две децении ветувања, започнува практичната реализација на еден од најважните патни проекти во земјата, кој ќе го изведува домашна македонска компанија во рекордно време, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави дека градежната офанзива не застанува тука и дека набрзо почнуваат работите и на делницата Букојчани – Кичево од Коридорот 8. Со ова, во Македонија истовремено ќе се градат дури шест автопатски делници (Скопје – Блаце, Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Букојчани – Кичево, Кичево – Охрид и Прилеп – Битола), нешто што никогаш порано не се случило во историјата на државата.

„„Мојата прва порака што сакам да ја испратам декеска е дека после нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Реалност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ВЛЕН и политичката партија ЗНАМ. Ветување коешто беше дадено на почетокот на оваа влада и очекувам многу скоро од денес да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време да биде реалзиран. Македонска компанија ќе ги изведува градежните работи на овој проект. Втората порака што сакам денеска да ја испратам е дека тука нема да застанеме. Многу скоро од денеска продолжуваме со уште една делница, дел од Коридорот 8, а тоа се надевам многу скоро од денеска ќе присуствуваме на еден ваков настан, што ќе ги поврзе Букојчани и Кичево. Со тоа ќе се создадат услови, на територијата на државата да се градат шест автопатски делници, нешто што досега во минатото никогаш не се случило. Третата порака што сакам денеска да ја испратам е дека кога градите улица, пат, автопат, вие градите иднина. И ние денеска отпочнуваме да градиме иднина. Иднина за нашите млади, бидејќи во политиката политичарите се менливи, ги ценат по она што ќе остават зад себе и делата што ги оставаат зад себе. Ние, како политичари во оваа влада, мислам дека ќе оставиме капитални проекти и дела што ќе ја одредат иднината на државата и ќе обезбедат иднина за младите“, рече премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk