logo
logo
logo

НАСТАВНИЦИТЕ ОСТАНУВААТ НА РАБОТА и покрај намалениот број ученици, рече министерката Јаневска

Vecer | 28.05.2026

НАСТАВНИЦИТЕ ОСТАНУВААТ НА РАБОТА и покрај намалениот број ученици, рече министерката Јаневска

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓу другото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ни помагаат нашите големи партнери УНИЦЕФ и Светска банка.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбата со наставниот кадар во општина Дебар, каде има реакција на група наставници во врска со процесот на оптимизација на училишната мрежа.

-Во период од малку повеќе од 20 години, бројот на ученици се намалил за 28 отсто, додека во истиот период бројот на наставници се зголемил за 46 отсто. Како резултат на тоа, националниот просек се намали од 18 ученици по наставник на 11,4 ученици по наставник, во споредба со просекот на ОЕЦД од 15 ученици по наставник, рече Јаневска.

Додаде дека поради ваквата состојба, околу 90 проценти, а во некои општини и до 100 проценти, од средствата за образование одат за плати, што остава минимален простор за инвестиции во инфраструктура, опрема и професионален развој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk