logo
logo
logo

(ВО ЖИВО) МИЦКОСКИ И ПЛЕНКОВИЌ СЕ ОБРАЌААТ по тет-а-тет средба

Vecer | 26.05.2026

(ВО ЖИВО) МИЦКОСКИ И ПЛЕНКОВИЌ СЕ ОБРАЌААТ по тет-а-тет средба

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пристигна во официјална посета на Македонија, а на охридскиот аеродром беше пречекан од македонскиот премиер Христијан Мицкоски, заедно со министрите од Владата.

По пречекот, двајцата премиери остварија тет-а-тет средба.

Влада
Влада


-Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици, објави Мицкоски.

Според агендата, следува владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“. Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Влада
Влада

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средба на сопственици на компании од двете држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk