ВРЕДИ ОЧЕКУВА ТЕМЕЛНА ИСТРАГА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Vecer | 21.07.2026

ВРЕДИ ОЧЕКУВА ТЕМЕЛНА ИСТРАГА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вреди ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар.

„Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се случувало многупати во минатото. Очекуваме темелна, независна и сеопфатна истрага што целосно ќе го расветли случајот“, соопшти од Вреди.

Партијата го поздрави ангажманот на сите релевантни институции на централно ниво кои им излегоа во пресрет на жителите на Гостивар. Засегнатите граѓани ја добиваат потребната здравствена грижа, а се обезбедува и вода за пиење сѐ до конечното решавање на проблемот.

„Уште еднаш се потврдува дека долгогодишното лошо владеење има своја цена, која денес ја плаќаат граѓаните: Гостивар без вода за пиење, Зајас без канализација. Врв на цинизмот е што Али Ахмети и Арбен Таравари повторно бараат доверба од граѓаните, додека последиците од нивното владеење и понатаму го загрозуваат здравјето и секојдневниот живот на граѓаните“, се додава во соопштението од Вреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk