logo
logo
logo

ТОНЕ БРОДОТ НА СДС, А КОРМИЛАР НЕМА, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 14.08.2026

ТОНЕ БРОДОТ НА СДС, А КОРМИЛАР НЕМА, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Има ли кормилар на бродот на СДС што тоне? СДС закажа прес-конференција на Фани Каранфилова-Пановска пред зградата на МНР. Само 15 минути подоцна, истата прес-конференција ја презакажаа пред седиштето на СДС, за денес целосно да ја откажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат:

Логично, по сето ова се поставуваат неколку прашања:

Дали и Фани Каранфилова-Пановска е на одмор, исто како Венко Филипче на јахтата на Заев, па не може навреме да стигне на прес-конференцијата?

Можеби на граничниот премин Евзони има преголема гужва за влез во Македонија, па Фани не може да пристигне?

Дали, можеби, избувнал пожар во кујната за лаги на СДС, па денешниот рецепт за нова тура дезинформации им бил неуспешен?

Или, можеби, нема никој во штабот на СДС ни да ја отвори вратата?

Како и да е, едно е очигледно – бродот на СДС тоне, а кормилар никаде нема.

Талогот во СДС очигледно е на одмор, а се активира само кога треба да шири лаги, да создава хистерија и да ѝ нанесува штета на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk