logo
logo
logo

АХВ ГИ ОТФРЛИ ОБВИНУВАЊАТА НА СТОЧАРИТЕ - Реагираме навреме против заразата

Vecer | 24.07.2026

АХВ ГИ ОТФРЛИ ОБВИНУВАЊАТА НА СТОЧАРИТЕ - Реагираме навреме против заразата

Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрли обвинувањата дека ненавремено реагира на појавата на сипаници кај малите преживари, истакнувајќи дека се преземаат сите неопходни мерки за спречување на ширењето на болеста. Од Агенцијата велат дека ја разбираат загриженоста на сточарите, но апелираат сите засегнати страни доследно да ги почтиуваат пропишаните мерки за успешно справување со заразата. 

Од АХВ уверуваат дека се постапува веднаш по секоја лабораториска потврда на вирусот, во согласност со националните протоколи и меѓународните стандарди.

Преземени мерки на терен и меѓуинституционална координација Според соопштението, по секој потврден случај без одлагање се спроведуваат следниве активности:  

- Ставање на жариштата под контрола и воспоставување заштитни зони (и зони под надзор).
- Спроведување детални епидемиолошки истраги.
- Ограничување на движењето на животните со цел заштита на сточниот фонд.

Во однос на критиките за бавните процедури и координацијата со другите органи, од АХВ појаснуваат дека секоја институција дејствува исклучиво во рамките на своите законски надлежности. Агенцијата нема мандат да им наложува чекори на други институции, туку соработува преку воспоставениот систем за меѓуинституционална координација, додека мерките се носат врз основа на стручни анализи и проценки на експертска група.

Сточарите и понатаму бараат итна вакцинација.

Реакцијата на АХВ следува по денешниот состанок со претставниците на одгледувачите на овци, кои предупредија дека ситуацијата на терен е алармантна. Сточарите децидно бараат државата итно да започне со вакцинација на невкупиот сточен фонд, сметајќи дека само изолирањето на жариштата и уништувањето на заболените грла не се доволни за да се спречи натамошното ширење на болеста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk