Владата ќе формира нов центар за одговор на кибер инциденти, што значително ќе ја зајакне безбедноста на информатичките системи на институциите во земјава, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Како што појасни тој, со овој центар институциите ќе го подобрат капацитетот за справување со кибер закани и инциденти, кои, како што оцени, во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.
„Промените во глобалната економија и развојот на вештачката интелигенција создаваат сериозен притисок врз домашниот ИТ-сектор, кој веќе не бележи раст како во измиантите години“, рече министерот Андоновски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата