Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против двајца жители на Свети Николе, на возраст од 45 и 40 години, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.
Според пријавата, на 25 мај 2026 година во Свети Николе, двајцата пријавени, кои биле вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе, за време на неработни денови неовластено користеле службени возила за сопствени потреби.
Првопријавениот, кој работел како референт за превоз, и второпријавениот, вработен како ракувач со градежна машина, наводно го користеле службениот трактор и теренското возило за да пренесат огревно дрво од реонот на Шумско-стопанската единица „Ѓуриште“ до своите домови во Свети Николе.
За настанот е поднесена кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата