logo
logo
logo

Стани Цаци да те види Венко!

Ивановски до Филипче: ИТНО ПРЕКИНИ СО ДИСКРЕДИТАЦИИ И КОНСТРУКЦИИ

Vecer | 04.07.2026

Ивановски до Филипче: ИТНО ПРЕКИНИ СО ДИСКРЕДИТАЦИИ И КОНСТРУКЦИИ

Игор Ивановски, кој е од од онаа група за реформи во СДСМ му порача на Венко Филипче да не врши притисок врз оние кои се охрабриле да отворено да говорат за состојбите во СДСМ која ја нарече слаба, ферментирана опозиција.

Тој ги одбива обвинувањата од раководството на СДСМ дека има намера да наштети на партијата ниту дека работи за формирање на нова политичка партија.

Ивановски не стравува дека може да го искучат од партијата.

- Да ме исклучат мене или Славјанка? Јас сум член на СДСМ од 1994 година и ќе останам до крајот на животот. Тоа не може да го направат луѓе или човек кои не е дел ниту асоцијација од СДСМ. Она што е пострашно е и сакам да пратам предупредување да прекинат со дискредитации, изживувањето и сериозните конструккции што ги прават спрема луѓето на таа маса и нивните семејства, порача Ивановски.

Органите и телата на СДСМ oд понеделник ќе дебатираат за учеството на пратеничката од оваа партија Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за иднината во 12:05“. На состанокот на телата на опозициската партија ќе се донесе одлука за порашешната министерка за одбрана.

Во однос на конкретното прашање ќе одговорам конкретно, органите на партијата ќе дебатираат во текот на следната недела – рече Филипче.

Ова не е прв пат СДСМ да дискутира за политичките неистомисленици и за нивни санкции.

Прв на удaр беше Јован Деспотовски. За него веќе е покрената официјална постапка за итно исклучување од партијата, по обвинувањата на раководството за „петтоколонашко“ дејствување и уривање на партиските позиции одвнатре.

Потоа следува Петре Шилегов и сега Петровска. Причината е нејзиното учество на јавни настани со независни платформи за дебата, како и нејзините континуирани јавни критики кон раководството на партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk