logo
logo
logo

УЦЕНА И СМРТНИ ЗАКАНИ - Двајца Турци седум години тероризирале гостиварци за злато и имот!

Vecer | 19.08.2026

УЦЕНА И СМРТНИ ЗАКАНИ - Двајца Турци седум години тероризирале гостиварци за злато и имот!

Кривична пријава е поднесена против двајца турски државјани, со закани присилувале двајца гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно, им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност. Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар - појаснија од МВР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk