ЧИСТКА НА НАДУВАНИТЕ МАРЖИ - Мицкоски најави и промена на закони

Vecer | 23.06.2026

ЧИСТКА НА НАДУВАНИТЕ МАРЖИ - Мицкоски најави и промена на закони
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека се анализираат брзи измени на одредени законски решенија, за успешна реализација на планот за скротување на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните. Одлуката доаѓа само еден ден по неговата итна средба со претставниците на најголемите маркети во земјава, при што премиерот јасно порача дека тоа што е обврска на Владата ќе биде целосно испорачано, но оти сега потегот и одговорноста остануваат кај трговците.

„Државниот пазарен инспекторат доби задача да направи компаративна анализа помеѓу цените на еден ист производ, еден ист артикл на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој ист производ кон потрошувачите, граѓаните, за месец мај 2025-та споредено со месец мај 2026-та. Да видиме, што е тоа кое што тука креира состојба да ние имаме зголемени цени на основните прехранбени производи. Нашата цел се основните прехранбени производи, не е тутунот и производите од тутун, алкохолните пијалоци или друг тип на акцизна роба. Зборуваме за основни прехранбени производи, тоа што им е неопходно на граѓаните“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk