Прoсечнатa нето плата во Македонија, во мај 2024 година, време на избори и потоа и промена на власта - беше 41.252 денари (околу 670 евра). Посечната нето плата во август 2026 година изнесува 48.733 денари (околу 800 евра)
Растот на платите е еден од најважните показатели од негов интерес за политиката и економијата за граѓанинот. По промена на власта, за 27 месеци, просечната плата е покачена за 130 евра, или во однос на онаа од последниот месец на минатата власт на СДСМ/ДУИ, просечната плата е поголема за скоро 20%.
Кај пензиите растот е уште поголем. Просечната пензија во мај 2024 година изнесувала 21.209 денари (околу 345 евра), а просечната пензија од август 2026 та е 29.609 денари (околу 480 евра). Покачувањето на просечната пензија по промена на власта е околу 135 евра. Или, во однос на просечната пензија од последниот месец на минатата власт на СДСМ/ДУИ (345 евра), сега просечната пензија е поголема за околу 40%.
Има раст на платите и во споредба на последните претходни месеци.
Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Растот на просечната нето-плата на годишно ниво, пред сè, се должи на зголемувањето на платите во секторите Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, Административни и помошни услужни дејности за 10,7 проценти и Преработувачка индустрија за 9 проценти.
Во август, во споредба со претходниот месец, зголемување на просечната исплатена нето-плата е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,4 проценти, Уметност, забава и рекреација за 5 проценти и Административни и помошни услужни дејности за 4,2 проценти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата