logo
logo
logo

ОВА Е ЧОВЕКОТ ОД НАГОРИЧАНЕ КОЈ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, рекол дека се кае за стореното

Vecer | 29.09.2026

ОВА Е ЧОВЕКОТ ОД НАГОРИЧАНЕ КОЈ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, рекол дека се кае за стореното

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства на жени на подрачје на Старо Нагоричане и два обидa за убиство. Денеска на судењето во Основниот суд Куманово даде исказ во кој призна дека убил две жени, за дел од останатите обвиненија даваше различни одговори, а едно од убиствата целосно го негираше.

На предлог на обвинителот Љубомир Лапе, обвинителството и одбраната го испитуваа вештото лице, специјалист психијатар и форензички психијатар, проф. д-р Стојан Бајрактаров во однос на здравствената состојба на обвинетиот, способноста да ја следи постапката и ризикот од повторување на кривичните дела.

Бранителот на обвинетиот, кој му е доделен по слжбена должност, Тони Петковски побара, а судот одби да му биде доделен логопед, преведувач или друго стручно лице за да може да биде сослушан поради неговите тешкотии во говорот.

Во исказот и самиот вештак кажа дека не му е потребен ниту логопед, ниту какво било друго стручно лице. Тој кажа дека кратките одговори на обвинетиот се должат на неговто образование и ограничениот фонд на зборови, а не на неможност да го разбере македонскиот јазик. Вештакот посочи дека во текот на психолошкото и психијатриското испитување не било потребно присуство на друго лице, бидејќи обвинетиот го разбира македонскиот јазик и може да воспостави комуникација. Во однос на прашањето дали кај Бојковски е утврдена душевна болест или состојба која би барала негово упатување во психијатриска установа, вештакот рече дека таква болест или состојба не е утврдена и оти нема основа за психијатриски третман. Според него, обвинетиот треба да биде упатен во казнена институција.

Во однос на комуникацијата, вештакот објасни дека Бојковски во почетокот на испитувањето одговарал главно со „да“ и „не“, но потоа давал и подетални одговори, користејќи го својот ограничен фонд на зборови. Како пример го посочи настанот на кој обвинетиот опишаа настан, присуство бел автомобил, знаел дека жената имала син кој возел таков автомобил и побегнал. Тоа, како што кажа вештото лице, покажува дека обвинетиот знае да воочи опасност, да планира спасување и да воспостави комуникација за опишување на одредени настани. Психијатарот оцени дека при извршувањето на делата за кои Бојковски е обвинет не биле утврдени елементи поврзани со неговата здравствена состојба кои би влијаеле врз неговата пресметливост. Според вештиот наод, обвинетиот бил пресметлив.

За Јанка Антевска од Драгоманце, на прашањето дали е точно дека бил кај неа во периодот од 5 до 7 јуни 2025 година, одговорил потврдно и рече дека се кае. Бојковски потврдил и дека на 22 јули 2025 година бил кај Слободка Арсовска во Челопек, но рекол дека отишол поради пари. Според неговото објаснување, откако слушнал дека кучето лае, се исплашил и избегал, без да земе пари од Арсовска. Во однос на Марија Маринковска од Старо Нагоричане, за која обвинението го товари дека ја убил во периодот меѓу 17 и 18 јануари 2026 година, Бојковски одговорил потврдно и рече дека се кае.

За Мира Станковска од Челопек, обвинетиот најпрво негираше дека ја убил, но по дополнителни прашања, поврзани и со биолошките траги пронајдени под ноктите, за кои било посочено дека се идентични со неговите, тој одговорил потврдно и речедека се кае.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk