logo
logo
logo

Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, ПРВИТЕ КИЛОМЕТРИ ДОГОДИНА

Vecer | 21.08.2026

Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, ПРВИТЕ КИЛОМЕТРИ ДОГОДИНА

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. 

- Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста  добри вести - изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на општина Прилеп. 

Николоски посочи дека крајниот рок за изградба на автопатот останува ист, крајот на 2029 година, но оти првите километри целосно завршен автопат - во две насоки три плус три ленти со изградени помошни патишта ги очекува веќе следната година. 

Автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри е дел од пакетот автопатски делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и „Енка“.  

Вицепремиерот Николоски ја потенцираше поддршката за општина Прилеп од страна на Владата, наведувајќи дека преку програми од Министерството за транспорт се инвестираат 9,5 милиони евра.

- Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светска банка од 350 000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката - социјално загрозените, 1,5 милиони евра се инвестираат за изградба на зграда со социјални станови преку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, која до крај на годината треба да биде завршена и до пролет и становите да бидат поделени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти - изјави Николоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk