logo
logo
logo

Сабајлево не се дише, ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ

Vecer | 23.08.2026

Сабајлево не се дише, ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во текот на наредната седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk