logo
logo
logo

ВИДЕО | „30 ГОДИНИ ВЕТУВАЊА, ТРИ МЕСЕЦИ РАБОТА“ - Горѓиевски најави асфалтирање на „Борис Трајковски“

Vecer | 11.08.2026

ВИДЕО | „30 ГОДИНИ ВЕТУВАЊА, ТРИ МЕСЕЦИ РАБОТА“ - Горѓиевски најави асфалтирање на „Борис Трајковски“

По долгогодишно чекање, започнува асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека градежните работи ќе стартуваат во наредните денови, порачувајќи дека дадениот збор ќе биде исполнет.

-По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани.

Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а наскоро започнуваме со поставување на првиот слој асфалт.

Ветивме и реализираме!

Жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат.

Кога се сака – сѐ се може!

Скопје го правиме заедно!, напиша Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk