logo
logo
logo

Продаваат од фалц до оригинали, а КОЈ ЗЕМАЛ НАЈМНОГУ ПАРИ ОД ПРОДАЖБА НА ГАРДЕРОБА?!

Vecer | 26.06.2026

Продаваат од фалц до оригинали, а КОЈ ЗЕМАЛ НАЈМНОГУ ПАРИ ОД ПРОДАЖБА НА ГАРДЕРОБА?!

Петте најголеми компании од малопродажбата на облека во 2025 година оствариле вкупна добивка од околу 7,9 милиони евра. Ова се петте макеоднски компании кои според службени податоци гардирани од порталот Фактор земале најмногу пари од продажба на гардероба, каква и да е, дали фалсификувани од Кина, Виетнам и Турција со налепени ознаки од познати брендови или продадени оригинални производи.

ЛЦ ВАИКИКИ РЕТАИЛ МК ДООЕЛ Скопје е најпрофитабилна компанија во оваа група во 2025 година. Фирмата што го носи брендот ЛЦ Ваикики остварила добивка од околу 3,81 милиони евра, додека во 2024 година добивката изнесувала околу 1,06 милиони евра. Тоа значи раст од приближно 2,75 милиони евра.

На второто место е ИТХР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, зад која стојат модните брендови Зара, Пул енд Беар, Бершка, Страдивариус, Масимо Дути, Ојшо и Зара Хоум. Компанијата во 2025 година имала добивка од околу 1,57 милиони евра. Една година претходно добивката била околу 2,97 милиони евра, што покажува пад од приближно 1,41 милиони евра.

ЊУ ЈОРКЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се најде на третата позиција со добивка од околу 1,50 милиони евра. Станува збор за фирмата што го застапува Њу Јоркер на македонскиот пазар. Во 2024 година добивката изнесувала околу 1,44 милиони евра, па растот е умерен, околу 59 илјади евра.

Четвртата позиција ја зазема ЕУРОФЕШН ТРЕЈД ДОО Скопје, во чие портфолио се Fashion&Friends, Replay, Levis, Timberland, Kiko Milano, Guess, Hugo... и други модни брендови. Компанијата во 2025 година прикажала добивка од околу 0,53 милиони евра. Во споредба со 2024 година, кога добивката била околу 0,58 милиони евра, има пад од приближно 54 илјади евра.

Листата ја заокружува ТОМ ТАИЛОР ДООЕЛ Скопје, фирмата зад брендот Том Тејлор, со добивка од околу 0,50 милиони евра во 2025 година. Со овој резултат, компанијата влегува меѓу петте најпрофитабилни фирми од продажба на облека на мало.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk