Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
- Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести - изјави Николоски.
Николоски посочи дека крајниот рок за изградба на автопатот останува ист, крајот на 2029 година, но оти првите километри целосно завршен автопат - во две насоки три плус три ленти со изградени помошни патишта ги очекува веќе следната година.
Автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри е дел од пакетот автопатски делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и „Енка“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата