Тепачка на детско игралиште во Кисела Вода:

РОДИТЕЛИ СЕ ПРЕСМЕТАА ОТКАКО МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ НАПАДНАА СО ШИШЕ

Vecer | 15.08.2026

РОДИТЕЛИ СЕ ПРЕСМЕТАА ОТКАКО МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ НАПАДНАА СО ШИШЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На 14.08.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници.

Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од Б.Ц.(46) од Скопје – татко на еден од малолетниците.

Додека пак, Б.Ц. пријавил дека околу 22:00 часот во двор од куќа во Кисела Вода, неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б. , кои претходно еден од малолетниците ненамерно удрил малолетничка со пластично шише. Исто така, А.Х.(45) од Скопје пријавил дека на 13.08.2026 околу 22:15 часот во Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б.

По преземени мерки СВР Скопје ги расчисти пријавните настани. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk