logo
logo
logo

Скопје ги очекува: ИЗБРАН ПОНУДУВАЧ ЗА НОВИТЕ ГРАДСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

Vecer | 23.07.2026

Скопје ги очекува: ИЗБРАН ПОНУДУВАЧ ЗА НОВИТЕ ГРАДСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, Министерството за транспорт информира дека до крајниот рок понуди доставија четири компании и тоа:

- Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd.

- YES -EU DENMARK A/S YUTONG

- BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi

- IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN

По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска и тоа:

- BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi

- IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN

Според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со EVN и тоа од 3 120 956 004 денари дез ДДВ, односно 19 796 924 денари без ДДВ по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ по единица станица за полнење.

Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложи избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:

-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот

- 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk