ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР за убиецот од Старо Нагоричане

Vecer | 09.10.2026

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР за убиецот од Старо Нагоричане
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, кој е прогласен за виновен за четири убиства и за два обида за убиство на жени.

Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска.

Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

Првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, додека второто било извршено во периодот од 5 до 7 јуни истата година во селото Драгоманце.

Во случајот биле опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот се случил на 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој побегнал. Вториот обид, според обвинителството, бил на 9 февруари 2026 година, кога Бојковски се откажал од намерата и го напуштил местото.

Тој е обвинет и за убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

Со изрекувањето на доживотната казна затвор, Основниот суд во Куманово ја заврши првостепената постапка за случајот што опфаќа четири убиства и два обида за убиство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk