logo
logo
logo

Денеска ОБЛАЧНО СО УСЛОВИ ЗА ДОЖД и северен ветер

Vecer | 22.04.2026

Денеска ОБЛАЧНО СО УСЛОВИ ЗА ДОЖД и северен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови на земјата. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 15 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 15 степени.

Според најавата на УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Процесите на места ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен ветер и грмежи особено во западните и јужните делови на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk