Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.
Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5:36 часот, а епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.
Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) каде се вели дека епицентарот е на 55 километри северно од Елбасан во Република Албанија и на 14 километри север-северозапад од Подградец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата