logo
logo
logo

50 ЛУЃЕ ВО ДЕЛЕГАЦИЈА, НО КАДЕ БЕА РЕЗУЛТАТИТЕ? – Мицкоски со порака до СДСМ

Vecer | 29.09.2026

50 ЛУЃЕ ВО ДЕЛЕГАЦИЈА, НО КАДЕ БЕА РЕЗУЛТАТИТЕ? – Мицкоски со порака до СДСМ

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски одеа по 50-тина луѓе, но без резултати, рече премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното интервју на ТВ „Алфа“.

Тоа е Фројд, бидејќи тие оделе така и сега мислат дека сите одат така. Во Владата на СДСМ и ДУИ за првпат на еден настан на Генералното собрание се појавија тогаш и претседателот и премиерот — ако се сеќавате кога отидоа и Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски. Тогаш можеби делегациите броеле 50 луѓе. Инаку, не, таман работа! Какви 50 луѓе, не станува збор за такво нешто. Многу помалку од таа бројка, можеби помалку од половина од таа бројка. Но, како и да е, тоа е сериозен настан — еден таков во годината што се одржува — и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на коишто повеќе луѓе треба да бидат присутни. На една група настани беше министерот Беким Сали, на една друга група настани беше министерот Тимчо Муцунски, паралелно со ова се одвиваа и економски настани настрана од Генералното собрание на Обединетите нации, па дојде и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk