logo
logo
logo

Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Vecer | 13.09.2026

Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Доц. д-р Жан Митрев ќе зборува за аортната стеноза, симптомите и современите можности за лекување на бесплатниот вебинар во живо што Клиничката болница „Жан Митрев“ го организира во понеделник, на 14 септември 2026 година, со почеток во 11:00 часот.

Заедно со тим од специјалисти од областа на кардиологијата и кардиохирургијата, д-р Митрев ќе објасни како настанува стеснувањето на аортната валвула, кои лица имаат зголемен ризик и зошто навременото поставување на дијагнозата е важно за зачувување на функцијата на срцето.

Аортната стеноза може долго време да се развива без изразени симптоми, бидејќи срцето постепено се приспособува на намалениот проток на крв. Токму затоа, отежнатото дишење, нелагодноста или болката во градите, краткотрајното губење на свеста и необјаснетиот замор не треба секогаш да се припишуваат на возраста или на физичката неактивност.

Овие тегоби може да бидат предупредувачки знаци дека стеснувањето на валвулата веќе го оптоварува срцето.

Покрај доц. д-р Жан Митрев, FETCS, специјалист по општа хирургија и супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија, на вебинарот ќе учествуваат и д-р Никола Христов, FEBTCS, специјалист по општа хирургија и супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија, д-р Вилма Ампова Соколов и д-р Енвер Идоски, специјалисти по интерна медицина и супспецијалисти по кардиологија, како и д-р Горазд Коњановски, специјализант по кардиохирургија.

Во интерактивниот дел, учесниците ќе можат да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од медицинскиот тим.

Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен. Пријавувањето е достапно на: https://webinar.zmc.mk/register-webinar

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk