logo
logo
logo

СВЕСНА ДЕСТРУКЦИЈА ЗА ЛИЧЕН ИНТЕРЕС - СДСМ, ДУИ и Левица ја оставаат државата без ЕУ-фондови и напредок, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 16.07.2026

СВЕСНА ДЕСТРУКЦИЈА ЗА ЛИЧЕН ИНТЕРЕС - СДСМ, ДУИ и Левица ја оставаат државата без ЕУ-фондови и напредок, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси.

Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните“, се наведува во партискито соопштение.

„Македонија успешно реализираше 9 од 10 реформи од Реформската агенда. Единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ.

Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните.

СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви.

Граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст.

Политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат“, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk