logo
logo
logo

ПЕКОЛНИ ЖЕШТИНИ ЈА ЗАФАТИЈА МАКЕДОНИЈА - До 40 степени денес, од утре пресврт со времето

Vecer | 05.08.2026

ПЕКОЛНИ ЖЕШТИНИ ЈА ЗАФАТИЈА МАКЕДОНИЈА - До 40 степени денес, од утре пресврт со времето

Македонија денес е под метео предупредување поради екстремно високите температури. Управата за хидрометеролошки работи предупредува дека под влијание на топла воздушна маса од југ продолжувапериодот на сончево и многу топло време, со температури над 33 степени во целата земја, а на одделни места живата во термометарот ќе достигне 40 степени Целзиусови. Температурите ќе се задржат и во текот на ноќта, додека од утре се очекува промена на временските услови. 

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 33 и 40 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 16 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk