logo
logo
logo

По штетите од невремето БАЗЕНОТ ВО КАРПОШ ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ РЕКОНСТРУИРАН

Vecer | 30.07.2026

По штетите од невремето БАЗЕНОТ ВО КАРПОШ ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ РЕКОНСТРУИРАН

Слниот ветер со моќ на торнадо кој го преживеа Скопје остави масовни последици врз приватниот и јавен имот. Еден од најоштетените јавни објекти во Скопје е базенот во Карпош, блиску до спорската сала Јане Сандански. Оштетувањето на покривот предизвикало пад на делови и во внатрешноста на просторот па санацијата која следи ќе биде комплетна, реконструкција на целиот објект.

Поради најавената реконструкција базенот нема да работи во наредните две години. 

„Базенот и пред невремето беше во лоша состојба и му требаше итна санација. По невремето одлета кровот и сега нема да правиме никакви интервенции само на кровот, туку ќе биде затворен додека целосно не се реновира. Готов е проектот и во наредниот период ќе распишеме тендер за изведувач. Очекуваме градежните работи да почнат во ноември. Ќе се реконструира од темел, од машинската соба до кровот“, вели директорот Даниел Апостоловски.

Според проектната документација, реконстуркцијата треба да трае од 12 до 18 месеци. Со оглед дека базенот е затворен во јули и потребни ќе бидат неколку месеци за спроведување на тендерот, изборот на фирма и склучување договор, базенот ќе биде затворен за посетители околу две години.

Базенот беше реновиран во 2010 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk