logo
logo
logo

БОКСОВИ ЗА „МЕЃАТА“ ВО СТАЈКОВЦИ - Успеаја ли да ја поделат?!

Vecer | 22.06.2026

БОКСОВИ ЗА „МЕЃАТА“ ВО СТАЈКОВЦИ - Успеаја ли да ја поделат?!

Физичка пресметка меѓу две лица поради нерасчистени имотно-правни односи била пријавена во скопското село Стајковци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, на 19 јуни во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Стајковци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Д. (51) од Скопје и И.Д. (49) од селото Стајковци.

Од МВР посочуваат дека причина за инцидентот биле претходно нерасчистени имотно-правни односи меѓу двете лица.

По целосното документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk