logo
logo
logo

РСБСП со апел за внимателно возење пред празничниот викенд за Илинден

Vecer | 31.07.2026

РСБСП со апел за внимателно возење пред празничниот викенд за Илинден

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.

За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини.

„Во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно учество во сообраќајот е клучен предуслов за зачувување на безбедноста на сите учесници“, нагласуваат од РСБСП.

Во таа насока се апелира до сите учесници во сообраќајот:

„Да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи; да го почитуваат ограничувањето на брзината на движење со возилата согласно поставената сообраќајна сигнализација, густината на сообраќајот и условите на патот; да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол и недозволиви психотропни супстанци или во состојба на замор; задолжително да користат сигурносен појас, а децата на возраст до пет години да се превезуваат во соодветни детски седишта; да не користат мобилен телефон или други електронски уреди за време на управување со возило; пред поаѓање на пат да ја проверат техничката исправност на возилото, а долгите патувања на секои два часа возење да прават паузи“.

До велосипедистите, мотоциклистите, возачите на лесни електрични возила и пешаците РСБСП со апел да се движат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

„Секое одговорно однесување во сообраќајот претставува придонес кон зачувување на човечките животи. Да не дозволиме еден момент на невнимание, брзо возење или неодговорна одлука да доведат до несакани последици. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им го честита празникот 2. Август Денот на Републиката - Илинден на сите граѓани и им посакува безбедно патување и пристигнување до саканата дестинација“ - се вели во соопштението од РСБСП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk