logo
logo
logo

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, Сомнежи за проневера на милионски суми

Vecer | 05.10.2026

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, Сомнежи за проневера на милионски суми

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија, пренесува „Плусинфо“ од извори запознаени со случајот.

Според информациите, Управата за финансиска полиција, во координација со Обвинителството, спроведува акција за нов случај поврзан со сомнежи за злоупотреби во работењето на Државна лотарија.

Приведена е поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија, како и уште едно лице. Тие се сомничат за проневера на околу 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра.

Сомнежите, според изворите на „Плусинфо“, се однесуваат на периодот додека со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами.

Акцијата е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за случајот, за евентуалните други лица опфатени со истрагата и за сомнителните дејствија што им се ставаат на товар на приведените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk