logo
logo
logo

Потврдени 43 случаи на западнонилска треска во Македонија, регистриран и заразен гавран во Скопје

Vecer | 21.08.2026

Потврдени 43 случаи на западнонилска треска во Македонија, регистриран и заразен гавран во Скопје

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, информираше денеска министерот за здравство.

Од нив 40 се дефинитивно потврдени додека кај три случаи потврда има со еден тест.

‒ Бележиме први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Започна контролата и на птици. Имаме мртва птица со потврдена западнонилска треска во Скопје, гавран, истакна Клековски.

Министерот додаде дека во скопскиот регион има 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични.

Застоеност на вода и високо ниво на органска материја се двата критериуми за ризични подрачја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk