Драма во Скопје: го претепал татко му, па му го запалил автомобилот

Vecer | 13.03.2026

Драма во Скопје: го претепал татко му, па му го запалил автомобилот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полицијата вчера уапси насилник кој прво физички го нападнал својот татко, а потоа му го запалил автомобилот.

„На 11.3.2026 година во 2:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 1:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа го опожарил неговото патничко возило“, соопшти полицијата.

Пожарот го изгаснале припадници на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk