Рокот за автопатот Кичево - Охрид останува ист - во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште - Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина, автопатско поврзување во овој регион. Тоа го најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски при денешниот увид на работите на терен на автопатот.
- Автопатот ќе го завршиме во рамките на рокот. Тоа е рок што не беше зададен од нас, туку од претходната влада, која не правеше ништо, освен што даваше рокови. Во првиот квартал в година ќе имаме функционален автопат од Охрид до Кичево. За Тетово - Гостивар и Гостивар - Букојчани, што ги гради „Бехтел и Енка“, рокот е 2029 година, исто како и за автопатот Прилеп - Битола, од кој очекуваме едната лента целосно да биде готова во првата половина на 2027 година - рече Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата