logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ ПОПЛАДНЕ, има услови за дожд и грмежи

Vecer | 25.08.2026

ВНИМАВАЈТЕ ПОПЛАДНЕ, има услови за дожд и грмежи

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на врнежите, на одделни места е можно да наврнала и значително поголема количина дожд.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време во претпладневните часови, додека попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, како што соопшти УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме со засилен до силен ветер и град.

Максималната дневна температура ќе се движи од 32 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 38 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk