Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.
Форматот и начинот на нејзиното одржување, додаде Мицкоски, дополнително ќе бидат утврдени преку дипломатски ноти.
- Во текот на вчерашниот ден добивме официјална потврда за билатерална средба, а форматот и начинот дополнително ќе бидат договорени, стои во дипломатската нота. Така што утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатерална на маргините на Самитот за Коридорот 8. Сепак, ова е мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира - истакна Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата