КОЈ ПОТФРЛИ ВО ПУЛС? - На ред е градежното вештачење

Vecer | 12.08.2026

КОЈ ПОТФРЛИ ВО ПУЛС? - На ред е градежното вештачење
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено изведување на градежното вештачење за објектот, како и распит на вештаците кои го изработиле извештајот.

На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, посочи дека анализата недвосмислено потврдила суштински пропусти во системот. Според неговите сознанија, институциите и поединците потполно потфрлиле, при што воопшто не биле почитувани постоечките стандарди, регулативи и законски процедури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk