А боли ли… плачко?, е прашањето до лидерот на СДСМ Венко Филипче од Мирослав Тричковиќ, член на Српската заедница во Македонија и на Демократската партија на Србите во Македонија.
Тричковиќ го потстетува Филипче дека во огромен број наврати досега тој или СДСМ вршеле груби напади врз лидерот на ДПСМ и затоа сега кога добива соодветен одговор не смее да плаче туку да биде маж.

,,Од Нова Година имаш преку 500 изјави, соопштенија против Стоилковиќ и српската заедница, нарачани текстови во кои дираш и во најсветото – децата, а сега рониш солзи кога ќе ти се одговори?
Па што мислиш ти, омразата која со месеци ја сееш нема да се рефлектира некаде и дека ќе те одмине?
Забораваш дека таа не ги одмина ни децата од КУД “Српски Вез” што е директна последица на вашите политики и политиките на ДУИ.
Камо вака да плачаше, кога предизвика многу поголеми трагедии на овој народ и да знаеше тогаш да моралишеш! Не, тогаш ти беа на ум само златни визи, Дубаи и Харис Џиновиќ..
Е тоа си ти!
Затоа у Куманово чисто да знаеш викаат “према браду и брич”, ова е едно писание после 500 твои и чисто да знаеш, колку ја знам српскиот народ во Македонија нема да чека уште нови 500 и уште некоја трагедија, посебно не кон децата, затоа пошто колку гледам си лесен на солзи кога си лично засегнат, внимавај, ќе го поправиме водостојот на реките со нив, барем некоја корист да има општеството од тебе…”, му пишува Тричковиќ на Филипче.
Лидерот на СДСМ предходно се пожали на жестокото писмо од Заедницата на Србите во Македонија кон него.
,,Криминалната организација ВМРО-ОКГ и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите, Алтa банка и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник”, се жалеше Филипче на пренесената објава од Српската заедница во Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата